Изградба и местоположба и општи карактеристики на меморијалниот споменик
Импозантниот споменик изграден во 1979 година веднаш над влезот во Велес, од неговата десна страна, е вечен дом на стотина велешки борци кои во втората светска војна загинале за остварување на вековниот сон за слобода на македонскиот народ. Споменикот, изграден во форма на aфионов цвет е дело на академскиот вајар Љубомир Денковиќ и архитектoт Саво Суботин од Србија. Во централниот дел на внатрешноста е поставен симболот на слободата во форма на расцветано дрво, додека по сите страни од ѕидовите е распослан најголемиот мозаичен комплекс во Македонија, дело на академскиот сликар Петар Мазев. На вкупна површина од 220 м², преку една композиција составена од пет слики, авторот ја насликал историјата на македонскиот народ од Илинденската епопеја преку социјалните превривања меѓу двете светски војни,периодот на народно ослободителната војна и сенародното востание, се до победата над фашистичкиот окупатор, повоената изградба на Македонија и слободата како врвна придобивка. Мозаикот е направен од природен и вештачки камен од венецијанска паста, во повеќе бои, преку кои едни од други се одвојуваат симболите и формите.
No comments:
Post a Comment
Имате нешто на ум за меморијалниот споменик "костурница".Споделете го тоа сонас со коментар.