Friday, March 23, 2012

Мета на крадците стана и костурницата во ВЕЛЕС

Откако беа обезглавени спомениците на борците од народно ослободителната борба, мета на крадците стана и велешката костурницата во која почиваат моштите на стотици борци од народно ослободителната борба.Главна мета на крадците беа месинговите плочи на кој се испишани имињата на сите борци кој загинале во народно ослободителната борба и месинговите плочи во форма на круг на која е испишана кратка историја на посебен борец или чета.


















Спомен костурница место за графити

Спомен костурницата стана графитен ѕид, како што во другите држави се градат ѕидови на кој се цртаат графити и тоа е легално велешани најчесто го користат меморијалниот споменик костурница за таа работа.Досега се забележани преку 50 испишани имиња и натписи.
Сторителите на овие дела не се засега познати но информирани се полициските власти во велес.

Спомен костурница Велес се уништува

Се уништува спомен костурница во Велес




Капиталното дело на Петар Мазев најголемиот мозаик во земјава се рони и попушта под водените капки кои се слеваат од кровот. Оштетувањата секој ден се  поголеми, а состојбата е лоша повеќе од три години. На ваквата состојба реагираа од локалната власт и бараат да се преземат потребните чекори за санација на  споменикот.
Спомен Костурницата има историско и културно значење и не треба да биде запоставен. По една градежна интервенција од пред  неколку години, почна повторно да прокиснува, очигледно дека таа не била доволна да се заштити споменикот. Бидејќи капиталните инвестиции се под Министерството за култура, потребно е да се преземат градежни мерки за да се заштити од натамошно руинирање. Голема штета ќе биде со сите свои вредности Костурницата да биде оставена така – изјави градоначалникот на Велес Горан Петров.
Тој смета дека е потребно прво да се направи добра техничка документација за да се утврди како ќе се санира, и да не се повтори случајот од пред некоја година, да се сработи а од тоа да нема никаков ефект. Во очекување на скора реакција на Министерството за култура и Републичкиот завод за заштита на спомениците од културата, реагираа и велешките борци.
  Како организација немаме пари за да ја поправиме, но затоа имаме морална обврска да реагираме. Згора на тоа Спомен костурницата е споменик на културата и не смееме да ја оставиме така да пропадне. Министерството за култура мора да најде начин и средства да ја санира, бидејќи времето само го уништува прекрасниот мозаик на Мазев. Ова мора да се случи најитно,  за наесен кога почнува сезоната на дождови  не биде предоцна – вели Кицо Саздовски претседател на Сојузот на борците од Велес.
Тие стравуваат дека ако наскоро не се преземат санациони мерки, кровот ќе попушти а мозаикот ќе се растури. Борците пролетва испратиле писмо до Министерството за култура во кое укажуваат на состојбата од споменикот, но повратно одговор не добиле ниту пак се работи било што за обезбедување на Костурницата.
Слично така, со писмена реакција, постапи во текот на минатото лето и раководството од Народниот музеј, во чија надлежност е Спомен Костурницата, но работите не се поместија од мртва точка. Иако покривот на објектот беше саниран во 2003-тата година, поправките не издржаа долго, па последиците од влагата се почувствува врз монументалното дело на Мазев, распослано на 220 метри квадратни.
Водата се слева од јужната страна на покривот во внатрешниот дел каде се видливи флеки од вода на таванот. Покривот прокиснува во дел и од северната страна каде водата го нагризува вредниот   мозаик. На надворешниот дел од објектот со голо око се забележува дека таму каде што е извршена поправката, слојот е веќе излупен, додека првично поставениот заштитен слој од 1979 година сеуште е одлично сочуван.
Инвеститор  на работите тогаш со околу 100.000 евра  беше Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, а изведувач  Градежниот институт од Скопје. Но не цела година по тоа, Спомен костурницата  повторно прокисна, иако гаранцијата на изведувачките работи била две години,  изведувачот по реакциите од Музејот не дошол да интервенира.
Мозаикот дело на Мазев, претставува една композиција од 5 слики преку кои авторот ја прикажува историјата на македонскиот народ почнувајќи од турскиот период па се до завршувањето на НОБ 1945 година. Преку петте слики прикажани се македонската епопеја од турското ропство, преку Илинденското востание, Балканските војни па се до НОБ. Во специјален простор се чуваат и посмртните останки на 100-ната паднатите борци од НОБ, меѓу нив и на поетот и револуционер Кочо Рацин.



Thursday, March 22, 2012

Спомен костурница во велес 5 месеци без струја

Освен тоа и покривот на симболот на Велес при најмал дожд прокиснува при што може да дојде до оштетување на најголемиот мозаик во Република Македонија, голем 275 метри квадратни, изработен од уметникот Петар Мазев, на кој е претставена целокупната историја на македонскиот народ

Спомен-костурницата, еден од симболите на Велес, повеќе од пет месеци е без струја, а покрај тоа и при најмал дожд покривот прокиснува при што може да дојде до оштетување на најголемиот мозаик во Република Македонија, голем 275 метри квадратни, изработен од уметникот Петар Мазев, на кој е претставена целокупната историја на македонскиот народ.
"Точно е дека спомен-костурницата е без струја. Се обидовме да го отстраниме дефектот, но не успеавме. Работиме само преку ден, а ноќе костурницата е мета на арамиите и наркодилерите. Обезбедувањето е минимално, па објектот е постојано на удар на крадците. Без струја објектот не можеме да го заштитиме", вели Марин Клифов, раководител на спомен-костурницата.
Од Народниот музеј, кој стопанисува со овој објект, велат дека било платено на фирма да ги среди осветлувањето и струјата во костурницата, но тие не ја завршиле работата, така што е постигната и тужба против фирмата?!
Што се однесува, пак, до прокиснување на покривот, ни беше објаснето дека главен проблем е сепак струјата, за да можат да се вршат какви било поправки. Во 2005 година, велат, Министерството за култура преку Националниот конзерваторски центар инвестираше сто илјади евра за поправка на покривот, но пред извесно време тој повторно попушти. До кога овој споменик ќе биде во ваква состојба Клифов не знаеше да ни каже, но истакна дека се работи во насока на изнаоѓање на решение за проблемот.
Од Националниот конзерваторски центар, пак, истакнуваат дека за да се издвојат средства за повторна поправка ќе треба Музејот да испрати барање до нив.
Жителите на Велес во знак на благодарност на 378-те загинати борци за слобода и 209-те жртви на фашизмот во 1979 година го изградија овој споменик. Во средината на костурницата, под распуканото стебло се наоѓаат посмртните останки на поголем број борци.

Започна проценката на штетите врз велешката костурница


slika





Екпертите ја започнаа проценката за тоа колку е оштетена велешката Костурница. Тим од Конзерваторскиот центар и Градежниот институт деновиве го разгледуваат објектот за да му препорачаат на Министерството за култура, што треба да направи за да не прокиснува. Од таму веке ветија дека откако експертите ќе ја завршат работата, ќе се реконструира Спомен - костурницата каде почиваат коските на шеесетина велешки борци и каде се наога најголемиот ѕиден мозаик во земјава.

А, токму обезбедувањето на спомениците е проблем за општината. Тука се украдени речиси сите метални плочи со имињата на борците, исчезнаа и сите споменици во младинскиот парк, а преполовени се и во дворот на гимназијата. Без металните букви останаа и споменикот на Гемиџиите и на Петре Прличко. Иако како можно решение се наметнуваше поставувањето на безбедносни камери на локациите каде има споменици, засега локалната власт бара алтернативни решенија..Според министерката за култура, до сега државата вложувала во спомениците во Велес и ке продолжи со нивно одржување. Од Сојузот на борци пак, неодамна реагираа дека негрижата доведе до бришење на историските сведоштва.