Thursday, March 22, 2012

Спомен костурница во велес 5 месеци без струја

Освен тоа и покривот на симболот на Велес при најмал дожд прокиснува при што може да дојде до оштетување на најголемиот мозаик во Република Македонија, голем 275 метри квадратни, изработен од уметникот Петар Мазев, на кој е претставена целокупната историја на македонскиот народ

Спомен-костурницата, еден од симболите на Велес, повеќе од пет месеци е без струја, а покрај тоа и при најмал дожд покривот прокиснува при што може да дојде до оштетување на најголемиот мозаик во Република Македонија, голем 275 метри квадратни, изработен од уметникот Петар Мазев, на кој е претставена целокупната историја на македонскиот народ.
"Точно е дека спомен-костурницата е без струја. Се обидовме да го отстраниме дефектот, но не успеавме. Работиме само преку ден, а ноќе костурницата е мета на арамиите и наркодилерите. Обезбедувањето е минимално, па објектот е постојано на удар на крадците. Без струја објектот не можеме да го заштитиме", вели Марин Клифов, раководител на спомен-костурницата.
Од Народниот музеј, кој стопанисува со овој објект, велат дека било платено на фирма да ги среди осветлувањето и струјата во костурницата, но тие не ја завршиле работата, така што е постигната и тужба против фирмата?!
Што се однесува, пак, до прокиснување на покривот, ни беше објаснето дека главен проблем е сепак струјата, за да можат да се вршат какви било поправки. Во 2005 година, велат, Министерството за култура преку Националниот конзерваторски центар инвестираше сто илјади евра за поправка на покривот, но пред извесно време тој повторно попушти. До кога овој споменик ќе биде во ваква состојба Клифов не знаеше да ни каже, но истакна дека се работи во насока на изнаоѓање на решение за проблемот.
Од Националниот конзерваторски центар, пак, истакнуваат дека за да се издвојат средства за повторна поправка ќе треба Музејот да испрати барање до нив.
Жителите на Велес во знак на благодарност на 378-те загинати борци за слобода и 209-те жртви на фашизмот во 1979 година го изградија овој споменик. Во средината на костурницата, под распуканото стебло се наоѓаат посмртните останки на поголем број борци.

No comments:

Post a Comment

Имате нешто на ум за меморијалниот споменик "костурница".Споделете го тоа сонас со коментар.